Дали е време Бебето Јода да биде кандидиран за претседател на САД?
Судејќи според рејтингот и популарноста на кандидатите на левичарската демократска партија, веројатно стратезите на оваа политичка групација е потребно да размислат и за една таква опција.
Пробивот на серијата “The Mandalorian” која се емитува на стриминг сервисот Дизни+ генерира близу дупло поголем рејтинг и покритие на социјалните мрежи во интеракцијата помеѓу корисниците, од рејтингот на било кој од кандидатите на демократите кои се во трка за претседателската кампања која ќе се одржи во 2020 година во САД.
Бебето со големи очи и уши кое наликува на Џедај Мајсторот Јода од серијалот Војна на ѕвездите го окупира интернетот како моментална бура откако на 12-ти ноември се појави во јавноста.
Ова појавување коинцидираше со повторното враќање во политиката на поранешниот градоначалник Мајкл Блумберг и поранешниот гувернер на Масачусетс Девал Патрик, и двајцата од редовите на демократската партија.
И двајцата овие кандидати кои влегоа во трката за претседателски кандидат на демократската партија кој ќе се спротивстави на Доналд Трамп во претседателската трка во 2020 година, имаа значително покритие на социјалните мрежи во споделување на статии за нив.
Рејтингот на Блумберг е втор во редот на демократите со 7650 статии, додека Патрик е четвртти со 4044.
Но во комбинација со Бебето Јода листата на застапеност на демократските кандидати изгледа како расштимана виолина:

Од графичкиот приказ се гледа дека кандидатите Берни Сандерс и Џо Бајден имаат речиси половина од рејтингот по интеракции на социјалните мрежи помалку од бебето Јода.
Притоа ваквата анализа во себе не ги содржи надворешните графички содржини кои не се индексираат поврзано со името Јода, така што ситуацијата во рејтинг е драстично поразителна за демократските кандидати.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Медицинското значење на страдањето на Исус Христос
Шарпланинците го имаат тој балкански карактер на блискост, емотивен темперамент и лојалност кон сопствениците
Си замина некогашниот Бетмен, Џим Морисон, Том Казански, Док Холидеј, Медмардиган…