Злобните јазици, кодошите, инфилтратите со гној никогаш нема да бидат спокојни и смирени, семејни и достоинствени… секогаш ќе го вртат грбот плашејќи се од сопствената сенка!
Тоа се такви луѓе кои се тебе со смеат и пијат кафе а во заткулиса острат ножиња!
Таквите браќа ви се,, сестри,” браќа мои!
Таквите се посебна сорта на луѓе, ако се нарече сорта таа измелезена врста на лажни насмевки и лажни дела!
Таквите луѓе, браќа и сестри не треба да ви се дел од видното поле, од перцепцијата…
Но сепак, во политиката секојдневно по еден ви се насмевнува, секојдневно по двајца ќе ве поздрават а по тројца ќе ви бидат,, десна рака”.
Ако Македонија чека на ваквите синови и ќерќи, Бога ми Севишен, ќе почека…
Ако денес денот Ви е убав и сончев а после саат е дожд и грмежи не е до Небото, до Земјата е…
Влагата не држи повеќе од алчноста и лажниот Век на пари и моќ, на престиж и функции…
Ако уката е од минатото, што научивме?
А ако го крадат бесмилосно, што направивме?
Ако не ни требаат скрипти, книги, историја каде одиме?
Ако лажната ирационална слика на Блудница е нашиот зенит очила ли се солуцијата?
Ако нема тих и мирен братски збор и дума промислена Борба ли чекаме?
Затоа пак ќе речам, пак ќе говорам:
ВО ЗАЕДНИШТВОТО Е СИЛАТА!
ВО ГОСПОД БОГ СЕ КАРТИТЕ!
Обични спектатори на веков посилни не можат да бидат од Небото.
Мачнината и кнедлите нема да престанат, затоа само ЗАЕДНО може да ја победиме генетската грешка и аномалија во природата, само така може да им ставиме крај на предавствата и на внатрешните немири.
Бог со Нас!
Бог со Македонија!
Секој еден неискрен кон себе не е доброчинител на грутката.
Со поздрав од Човекот!
Пишува: Гоце Марков

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
АД МЕПСО ДОДЕЛУВА 15 СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ ПО ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
Министерот Клековски на Денот на здравјето на COP31: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција