Во своето обраќање, Сали истакна дека европската интеграција останува највисок стратешки приоритет и неповратен правец на државата. Тој нагласи дека по завршувањето на скрининг фазата, земјата влегува во одлучувачка фаза каде фокусот е ставен на конкретна имплементација на реформите и постигнување мерливи резултати.
Тој ја истакна и важноста од градење јавна доверба, транспарентна комуникација и вклучување на граѓаните во процесот на европска интеграција, потенцирајќи дека овој процес не е само институционален, туку и општествен.
Сали им честиташе на добитниците на грантовите и ја поздрави поддршката од меѓународните партнери, нагласувајќи дека проектите ќе придонесат за поинклузивен и потранспарентен процес.
На крајот, тој изрази очекување дека проектите ќе донесат конкретни резултати и ќе ја зајакнат довербата на граѓаните во европскиот пат на државата.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене