БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Блокадата на уставните измени во собранието е кочница на напредокот кон ЕУ според СДСМ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска денеска в изјава за медиумите соопшти дека клучен проблем според неа во државата во однос на Извештајот за напредокот на Македонија во процесот за зачленување во Европската Унија е блокадата на донесувањето на Уставните измени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица во парламентот.

“Извештајот на Европската комисија ги потврди фактите, ДПМНЕ, Мицкоски и Левица се кочничари на напредокот кон ЕУ.

Клучниот проблем за извештајот на Европската комисија и забелешките во него е тоа што Собранието е блокирано од страна на опозицијата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Се укажува на потребата да се донесат уставните измени и реформите за ЕУ кои ги блокираат токму Мицкоски ДПМНЕ.

Блокадата на ДПМНЕ и Левица е и за поглавјата кои се однесувата на борбата против корупцијата, што значи ДПМНЕ беше и останува против правдата.

Комисијата јасно посочува дека Македонија има прогрес во 81 отсто од поглавјата а нема назадување во ниту едно поглавје.

Дополнително, 90 отсто од поглавјата се соодветно ниво на подготвеност.

ДПМНЕ заедно со Левица се единствените антиевропски партии кои се најголемите кочничари на европскиот пат на земјата”

-рече Кузеска во контекст на денешниот Извештај на ЕК за напредокот на МАкедонија.

Во продолжение изјавата на Богданка Кузеска- портпарол на СДСМ:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace