Проблемот со уличните кучиња во Делчево кој што се провлекува неколку години наназад за што како интернет портал реагиравме тука, тука и тука добива поинаков развој на настаните.
Според дневниот билтен на МВР станува збор за поднесена кривична пријава од страна на МВР против едно лице од Делчево поради постоење на основано сомневање за злоупотреба на службена положба.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.Д.(62) од Делчево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба“. Пријавениот, во својство на основач и управител на правно лице, во периодот од мај 2021 до мај 2023, во повеќе наврати ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на тој начин што по претходно спроведени јавни набавки и склучени два договора со општина Делчево за шинтерски услуги, за фаќање и хуман третман на кучиња скитници на подрачјето на Општина Делчево за период од една година, изготвил 11 фактури со невистинита содржина во кои впишал невистинити податоци за услуги кои не ги извршил, а ги доставил за наплата.
Притоа, тој се стекнал со противправна имотна корист од 350.869 денари на штета на Општина Делчево“, објави полицијата.
Според овие информации и ваквиот развој на настаните се наметнува прашањето на кој начин општина Делчево го контролирале реализирањето на споменатите јавни набавки и како е дозволено исплатата на споменатите финансиски сретства да помине од буџетот на општина Делчево?
Според битието на пријавата поднесена од МВР излегува дека граѓаните на Делчево преку општинската администрација плаќале за услуга за справување со проблемот со улични кучиња а според состојбата на терен овој проблем продолжува да претставува закана за безбедноста и здравјето на граѓаните.
Дали и на кој начин овој проблем во иднина ќе биде решен останува да проследиме.
Фото: Архива
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Европска недела на мобилност – дебата за сообраќајните предизвици во Кочани
Програма за 33. Издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024
Одржана традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ во Кочани