БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мрак, ѓубре и отров за кучиња! Што им донесе почетокот на новата 2023 година на делчевчани?

Граѓаните на Делчево пополека влегуваат во втората половина на највеселиот и најпразничниот месец во годината. Но веселата и празнична атмосфера многу ретко можеше да се забележи помеѓу делчевчани во изминатите празнични денови.
Пренеси го гласот

Граѓаните на Делчево пополека влегуваат во втората половина на највеселиот и најпразничниот месец во годината. Но веселата и празнична атмосфера многу ретко можеше да се забележи помеѓу делчевчани во изминатите празнични денови.

Наместо чествување, среќа, бериќет, насмеани лица, по улиците на Делчево во изминатите 15-тина денови многу ретко можеше да се забележи ведро лице. Секој некаде брза со збрчкано лице под изговор дека нема многу време, но вистината е дека нема пари.

“Немаштијата и скапотијата си го направија своето” -скришно велат наши соговорници кои што уплашени од разно разни причини сакаат да останат анонимни.

Делчево како никогаш до сега за највеселата вечер за прослава на Нова година беше повеќе тажно отколку весело. Единствено по локалите каде што се прославуваше нова година во најголема мера можеа да се забележат административци, наставници, професори, по некое медицинско лице и слични буџетари. Од обичниот народ кои не се на државни “јасли” ретко кој се осмели да се впушти во прослави и забави.

Од младите низ градот се присутни единствено средношколците.

Голем дел од нив едвај чекаат да завршат со гимназиското образование и да фатат некаде надвор од државата. Од бутиците и трговските дуќани кои што продаваат било што освен основни намирници храна едвај кубурат со своите бизниси кои што се пред целосен крах. Големите маркети од каде што граѓаните се снабдуваат со храна се единствените кои што диплат поголеми заработувачки кои што сега се намалени поради намалената потрошувачка моќ на делчевчани а зголемените цени на артиклите. И кладилниците и казината кои во Делчево ги има на секој чекор.

И како да е малку целата ваква ситуација дополнително општината е потоната во мрак како резултат на рестрикциите кои се присутни со уличното осветлување како никогаш до сега без притоа да се води сметка дека граѓаните сепак плаќаат за ваквото улично осветлување а услугата за која плаќаат е намалена. Но тоа не ги спречува службите на ЕВН да се со зголемен обем на работа во исклучување на броила на домаќинства кои што немаат пари да си ги платат сметките за струја…

Состојбата со амбиенталниот водух во Делчево е сама за себе алармантна. На сето тоа се придодава и расфрланиот комунален смет од неиспразнетите контејнери низ градот.

Штотуку излезе реакција на граѓани на социјалните мрежи дека низ населбата Ново Делчево имало расфрлано отров за кучиња и некои кучиња биле отровени….

Ако ова не е општ хаос, тогаш стварно треба да се запрашаме како изгледа хаосот! Ама тајно! За да не слушнат овие од власта па да им дојде некоја нова идеја за пробивање и на ова дно во кое живееме како граѓани.

И само сме на почеток на 2023 година!

Дали оваа година ќе донесе промени на подобро за кои што треба да се изборат самите делчевчани, останува да видиме…

Среќна нова…. (или како и да беше)

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот