По блокадите на сообраќајници во Скопје и денешниот протест на бранителите во Прилеп за во недела е најавена блокада на патот Струга Охрид.
Граѓанската иницијатива “Македонија Блокира” ги проширува своите активности за блокада на сообраќајници низ цела Република МАкедонија, како спротивставување на промената на Името и Устаот на Република Македонија од страна на актуелната владеачка номенклатура.
За во недела 16.12.2018 година, од страна на иницијативата Струга Бојкотира најавен е настан за блокада на регионалниот пат Струга-Охрид кај раскрсницата со Јарболот во с.Мислешево како народен отпор на актуелниот процес кој го спреведува власта на Зоран Заев за идентитетско обезличување на Македонскиот народ.
Блокадата ќе започне во 13.00 часот
Симболот на француските протести-жолтите елеци станаа симбол на незадоволството на голем број на граѓани ширум Европа. Жолтите елеци исто така станаа симбол и на Македонските протести кои што ги органицира иницијативата “Македонија-Блокира” која делува ширум државата веќе подолг временски период.
Под налетот на протестите на Жолтите елеци во Франција Емануел Макрон попушти пред сопствените политики за поскапување на даноците за горивата за франциските граѓани.
Дали целта на Македонските Жолти елеци ќе биде исполнета останува да видиме.