БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бочварски манипулира со јавноста во врска со изградбата на затворен базен надевајќи се на повеќе гласови

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Како што се ближи терминот за одржување на Предвремените парламентарни избори на 12-ти Април, така се заострува политичката реторика помеѓу двата спротивставени табори на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Политичката тензија од централно ниво се пресликува и на локално ниво , па така се она што беше ветено а нереализирано од страна на актуелните власти на СДСМ станува предмет на политичка дебата.

Во врска со ветениот а нереализиран проект за изградба на затворен базаен за граѓаните на Штип од страна на Градоначалникот на оваа општина кој потекнува од највисокото раководство на СДСМ, Благој Бочварски на своја прес конференција реагираа од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Игор Ефтимов во своето обраќање до јавноста ги разобличи манипулациите на Бочварски во врска со ова негово лично ветување кое во неколку наврати го имал модификувано, се со цел за пролонгирање на неговата неспособност и неажурност во исполнување на неговото ветување кон граѓаните од кои ја доби поддршката на локалните избори во 2017 година.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ваквото неисполнето ветување на затворен базен за граѓаните на Штип се наредува во придружба не останатите нереализирани ветувања на Благој Бочварски, за што јавното мислење на штипјани сериозно е свртено против политиките на овој политичар.

Во продолжение го пренесуваме текстот на прес конференцијата на Игор Ефтимов од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Штип:

“Не само што „Зборот НЕ Е збор“, туку, секој изговорен збор е чиста лага!

Најпрво, согласно Програмата „За живот во Штип“, затворен базен ќе имаше во СРЦ Суитлак. Со грабањето на власта, таа изјава се промени и дури се издаде и одобрение за градење во склоп на ООУ „Димитар Влахов“. За половина година, се промени и таа одлука, и се одлучи базенот да се стационира во салата „Јордан Мијалков“. Но, очигледно и таа локација не била конечна, па вчера, лично од градоначалникот дознавме дека затворен базен ќе имаме во населба Деснаци.

Четири пати променета изјава, не е ништо другу туку играње со сеќавањето и интелигенцијата на народот.

Играње со чувствата на граѓаните преку изјавите за затворениот базен јасно ни ја кажува намерата на градоначалникот. Пред секои избори, ја манипулира јавноста со популистички најави, кои за жал, верува дека ќе му натрупаат гласови.

Но, очигледно не е така.

Граѓаните ја побија играта на лажни ветувања и веќе не веруваат во ниту еден кажан збор. Серијалот на лаги за изградба на аква парк, жичара, брана, катни гаражи и други ЌЕ проекти, се дополнува со лагата за изградба на затворен базен. Но, расфрлањето со лаги и популистички најави за објект кој е повеќе од очигледно дека никогаш нема да се изгради, го покажува вистинското лице на оваа власт. “

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace