Филмскиот режисер Јани Бојаџи по повод пропаста и затварањето на фабриката Тетекс од Тетово во јавноста се обрати со свој став
Истиот го пренесуваме во целост:
“Денес заврши транзицијата!
Онаа транзиција што во далечната 1991 година ја започнаа црвената буржуазија и нивните деца поттурени како директори, универзитетски професори и економски експерти кои шеесет години ја стрижеа, молзеа а на крајот ја заклаа и изедоа и последната Македонска Социјалистичка Овца – Комбинатот Тетекс од Тетово!
Што оставија зад себе си во овие мачни 30 години кои ги одбележаа животите на неколку генерации?
250.000 работници на улица!
1.100.000 граѓани под прагот на сиромаштијата!
15.000 разводи!
200.000 растурени семејства!
100.000 импотентни мажи во најпотентните години!
100.000 жени во родилно здравје на работ на нервен слом!
1000% зголемени болести од карциноми и тумори!
50.000 деца без сознание за родителска љубов!
Масовна појава на аутизам!
550.000 иселени во еден правец!
50 девастирани градови!
500 засекогаш изгубени села!
Тотален пад на сите морални и етички вредности!
Растурени генерациски односи!
Поматени илузии!
Изгубена општествената доверба!
Деновиве, ама сосема овие денови пред нас, ќе го слушнете и доживеете нивниот болен, трескавичен и ужасен крај!
Затоа што се што почнува, и завршува.”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање волонтери во Министерство за дигитална трансформација
Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето
Тошковски: МВР формира нова Единица за сајбер безбедност која ќе биде клучен столб за дигиталниот суверенитет на институцијата