И покрај апелите и стручните мислења на експертите во оваа област, власта во Виница со својата негрижа и незаинтересираност може да предизвика своевидна катастрофа за боровата шума на пооделни локации во оваа општина. За ваквиот проблем во континуитет реагираат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Виница но надлежните во континуитет се оглушуваат за решавање на проблемот.
Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението упатено до јавноста во врска со овој проблем:
“По неколку апелирања од советничката група на ВМРО ДПМНЕ за состојбата со околу 920 хектари боров насад во општина Виница, особено кај м.в. “Бандера” кај метеролошката станица, конечно во мај минатата година се излезе на терен.
Преставници од општина Виница, директорот на ШС Плачковица и професор од шумарскиот факултет беа едногласни дека доколку есента(сега веќе минатата) не се третира соодветно боровиот четник, штетата ќе биде поголема и ненадоместлива.
Се согласија дека надлежно за оваа проблематика е Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, шеф на кабинетот на Министерот на ресорното министерство е Никица Бачовски, наш сограѓанин кој иако запознаен со овој проблем не направи НИШТО во насока да се спречи ширењето на боровиот четник.
Ова е уште еден еклатантен пример, по многубројните примери на непотизам, дека единствена грижа на функционерите од СДСМ од Виница е само остварување на нивните лични интереси и амбиции.”
-соопштуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Виница.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година