Пред налетот на делегитимираната хунта која на противуставен начин со експлицитно политичко насилство противзаконски го промени името на Република Македонија, Министерката Рашела Мизрахи никако да попушти.
Последните рецедитиви на власта на Зоран Заев во бунило и агонија се обидуваат да ја одржат својата сила и моќ па на секаков начин се обидуваат да се пресметаат со Министерката Мизрахи.
Техничката министерката за труд и социјална политика – Рашела Мизрахи, одржа уште една прес-конференција пред таблата на која пишува Република Македонија без терминот на “с”.
На прашање во врска со овој нејзин гест, Мизрахи истакна дека нема намера да ја менува таблата со „Република Македонија“ дури ни по цена ако треба да плати кaзнa од 5.000 евра.
„Ќе платам казна од 5.000 евра, но таблата со Република Македонија не ја менувам. Немам намера да ставам банер со Република терминот на “с” Македонија“,
-рече Мизрахи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!
АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“