Како реакција на прес конференцијата на Богданкла Кузеска од СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ упатија свое соопштение во јавноста со кое низ аргументи ги повторија придобивките за граѓаните од владините мерки,
“Мерките на владата даваат резултати. Над 1000 производи се продаваа со намалена цена.
Помина времето како до сега, кога наместо за граѓаните, СДС единствено се грижеше за богатење на нивната елита.
Болката на СДС не е грижата за граѓаните, нивната грижа единствено е што не можат, како до сега, да крадат.
СДС се тие кои што го зголемија ДДВ на храната, што доведе и до зголемување на цените на производите.
За разлика од СДС која се грижеше исклучиво за луѓето во своите високи партиски редови, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води грижа за сите и посветено работи за подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Тоа ќе се постигне со досега преземените мерки за намалување на цените на производите, зголемувањето на платите и пензиите, како и со забрзаниот економски раст.
Откако за шест месеци се запре слободниот пад на економијата, годинава ќе следи забрзан раст преку реализација на капитални инвестиции, зголемување на странските инвестиции, кои лани беа на историски највисоко ниво од околу милијарда евра.”
-стои во интегралниот текст на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ упатено до јавноста
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Синдикални играрии: Митревски- Трендафилов е нелегитимен претставник на „ССМ“
Премиерот Мицкоски во посета на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини – поддршка за стабилен и одржлив енергетски сектор
Гевгелија е град на културата за 2025 година