БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

МВР и ЈО потпишаа договор за размена на електронски податоци за подобри услуги за граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за внатрешни работи Панче Тoшковски со Државниот Јавен Обвинител Љупчо Коцевски потпишаа договор за размена на податоци во електронска форма преку кој што двете институции ќе соработуваат во функција за обезбедување на подобри услуги за граѓаните.

“Денеска заедно со државниот Јавен обвинител, Љупчо Коцевски го потпишавме договорот за размена на податоци во електронска форма. Договорот е потпишан во соработка со Националната платформа за интероперабилност во која институциите се поврзуваат меѓусебно за размена на електронски податоци за процесите, услугите и надлежностите кои ги имаат со цел обезбедување на најбрза размена на податоци и со тоа и услуги за граѓаните.

Врз основа на договорот, обвинителството ќе добие директен електронски пристап до базите на податоци кои ги води МВР за државјанство, за моторни возила, за живеалиште и престојувалиште и за поседување оружје.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Дигитализација на сите услуги и процеси е еден од главните столбови на Владата со која ќе понудиме брзи и ефикасни услуги за граѓаните, во овој случај со брза размена на податоците меѓу нашиве две институции. Размената на податоци во електронска форма ќе се врши преку поднесување на електронски барања од секоја договорна страна, засновани на претходно поднесено и прифатено генерално Барање за користење на веб сервиси достапни преку Националната платформа за интероперабилност, согласно прописите од областа на електронското управување и електронските услуги. Креираме дигитализирани и поврзани институции кои ќе даваат брзи и ефикасни услуги за граѓаните.”

-информираа од МВР.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace