БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Виница продолжува со мерките за овозможување на услови за селекција на комуналниот отпад

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Виница Миле Петков заедно со директорот на ЈП “Солидарност” од Виница потпишаа Договор за соработка со приватен правен субјект за постапување со текстилен отпад како уште една од мерките за селекција на отпад на територијата на општина Виница. Со ваквата соработка за жителите на Виница се овозможува почиста животна средина од една страна но и економски бенефит за приватниот субјект кој врз себе го превзема оперирањето со текстилниот отпад.

“Како општествено одговорна општина продолжуваме со овоможување на услови за селектирање на отпадот.

На наше големо задоволство денеска потпишавме Договор за соработка за постапување со текстилен отпад со Друштвото за управување со отпад од текстил ЕКО – ТЕКС ГРУП ДОО Скопје.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Според договорот, во нашата општина ќе бидат поставени контењери за собирање и одложување на текстилен отпад на шест локации, во кои граѓаните ќе можат да го депонираат текстилниот отпад, кој до сега завршува заедно со комуналниот отпад.

Целта на оваа активност е да се селектира текстилниот отпад кој може да биде рециклиран и искористен како енергенс, односно да не завршува заедно со останатиот отпад, кој завршува на депониите и како лесно запалив предизвикува штетни последици за здравјето граѓаните.

Контењерите за собирање и одложување на текстилен отпад ќе бидат поставени од страна на одговорни лица од ЈП Солидарност, исто така ЈП Солидарност се обврзува да ги празни контењерите на место на кое времено ќе се складира отпадот од каде фирмата ЕКО – ТЕКС ќе го организира подигнувањето на отпадот и понатамошното постапување со истиот.

Продолжуваме да работиме во насока на грижа за здравјето на нашите сограѓани но и во насока на зачувување на чиста и здрава животна средина.

Апелирам до сите граѓани совесно да ја користат можноста од оваа активност и сите заедно да допринесеме за колективното здравје.”

-информираше градоначалникот на Виница Миле Петков.

Креирано од:


Пренеси го гласот