На 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Д-р Христо Татарчев,Даме Груев, Петар Поп Aрсов,Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет. Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање современа самостојна македонска држава.
Овој датум се поврзува со организираната борба намакедонскиот народ и на националностите кои живееле на оваа територија, за формирање независна држава. Во политичка смисла, тогаш борбата за автономија значела формирање самостојна држава. Затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност, што резултирал денеска да имаме сопствена независна држава!!
Нека е честит празникот!!
Секоја генерација има своја борба, па денес редот дојде и на нас!!
Борбата за МАКЕДОНИЈА продолжува додека и последниот стои на нозе!!
Стравот е реакција, храброста е одлука!
Да живее ВМРО!!
Да живее РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!!![]()
![]()
![]()
![]()
-напиша на фејсбук Бошко Цветковски- кандидат за градоначалник на општина Лозово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот