Денеска со полагање на свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев во Паркот на револуцијата во центарот на Кочани, делегација на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани оддадоа почит по повод 23 Октомври Денот на Македонската револуцинерна борба.
На чело на делегацијата беше Љупчо Папазов- кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Кочани.

Тој претходно преку социјалните мрежи упати честитка по повод денешниот празник:
“Празнувајќи го 23 Октомври, го чествуваме датумот којшто во македонската историја претставува симбол на организираното револуционерно движење за слобода и независност.
Силните преродбенички текови во општеството и зголемениот број на млада образована интелигенција во втората половина на 19 век неминовно одеа во прилог на култивирањето на напредни идеи за широко ослободително движење, што кулминираше со формирањето на Македонската револуционерна организација на 23 октомври 1893 година во Солун. Организацијата била масовно поддржана и прифатена од сите слоеви на македонското општество и прераснала во најважен фактор за борбата за конституирање на Македонија како посебна држава.
Идеалите и принципите на историската организација за слобода, правда, еднаквост и независност се втемелени и во современа Македонија и истите се потсетникот за обврската постојано да ги надградуваме и успешно исполнуваме со цел обезбедување на прогресивен развој на државата и просперитетна иднина за сите нејзини граѓани.
Нека е честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.”
-напиша на фејбук Љупчо Папазов-кандидат за градоначалник на Кочани.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот