БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Божиновска: Енергетиката бара партнерство, градиме стабилен, предвидлив и фер енергетски систем

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

„Енергетиката е сектор во кој успехот никогаш не е резултат на поединец. Таа бара партнерство. Партнерство меѓу институциите и компаниите, меѓу јавниот и приватниот сектор, меѓу економските интереси и јавната одговорност. Како Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, нашата определба е да градиме стабилен, предвидлив и фер систем – систем кој ќе ги штити интересите на граѓаните, но истовремено ќе биде поттик за нови инвестиции, иновации и развој“, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на денешното отворање на изложбата во Националната галерија на Македонија „Чифте амам“, којашто ЕВН Македонија ја организираше по повод 20-годишниот јубилеј од своето постоење.

Честитајќи го јубилејот на ЕВН Македонија, министерката Божиновска потенцираше дека изложбата е приказна за патот што го помина македонската енергетика во изминатите две децении.

evn

„Во изминатите дваесет години, ЕВН Македонија остави значаен белег во развојот на електродистрибутивниот систем, во неговата модернизација, дигитализација и унапредување. Тоа е процес кој не се мери само преку бројки и инвестиции, туку и преку подобриот квалитет на услугите и поголемата сигурност за граѓаните“, рече министерката Божиновска, порачувајќи изложбата да биде инспирација за сè што допрва треба да создадеме.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Министерката потенцира дека енергетиката не е само инфраструктура, туку дел од секојдневниот живот на граѓаните и еден од темелите врз кои се гради современото општество.

„Живееме во време кога енергетиката се менува побрзо од кога било. Зелената транзиција, новите технологии, паметните мрежи и обновливите извори на енергија се предизвици, но и можности што треба заеднички да ги искористиме.

Затоа, искуството од изминатите дваесет години не треба да го гледаме само како повод за гордост, туку и како основа за иднината“, порача министерката Божиновска.

Креирано од:


Пренеси го гласот