На надзорната расправа на Собраниската комисија за здравство на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, го претстави пристапот и конкретните чекори на Министерството за справување со енергетските фактори кои придонесуваат за загадувањето на воздухот.
Министерката потенцираше дека Министерството е целосно вклучено во спроведувањето на проектите од „Планската програма за почист воздух 2024 – 2030“, кои директно таргетираат намалување на загадувањето преку инвестиции во почисти извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност.
Таа посочи дека Министерството активно работи на повеќе фронтови:
- Субвенционирање на топлински пумпи и гасни котли во домаќинства,
- Развој на гасни когенеративни централи во урбани средини,
- Модернизација на системите за греење во јавниот сектор преку проектот „Државата не загадува – водиме со пример“,
- Електрификација на такси флотата,
- Поддршка за граѓани и бизниси преку Green Finance Facility иницијативата.
„Како Министерство, ние сме целосно свесни за влијанието кое традиционалните енергетски капацитети го имаат врз квалитетот на воздухот. Но сакам да бидам децидна – проблемот не лежи само во возраста на енергетските капацитети. Она што навистина ја продлабочи кризата на загадување е и негрижата и свесната злоупотреба на системот – користење на штетни горива од сомнително потекло, само за лична или имотна корист. Да ве потсетам на последниот случај за кој Обвинителството води постапка – набавка на токсичен мазут што бил користен за греење на болници и јавни објекти во земјава. И тоа не еден туку мрежа на увозници кои, спротивно на законот, испорачувале горива што не ги исполнуваат ниту основните еколошки стандарди. – а цената, како и секогаш, ја плаќаат граѓаните, со своето здравје и со загадената животна средина. Вакви случаи покажуваат колку е важно да воспоставиме систем кој не дозволува злоупотреби. Тоа е и суштината на новиот Закон за енергетика – строга контрола и јасни еколошки стандарди.“ изјави Божиновска.
Божиновска истакна и дека Министерството работи на обезбедување пристап до природен гас како транзиторна алтернатива и паралелно инвестира во обновливи извори.
„ Зелената транзиција мора да биде праведна. Затоа, стратешки остануваме посветени на модернизацијата на РЕК Битола, но истовремено градиме соларни и ветерни централи. Регионалната соработка е клучна. Изградбата на нови интерконекции со Албанија, Грција и другите соседи ќе го зацврсти регионот и ќе ги отвори вратите за поголеми инвестиции“ додаде таа.
Енергетската транзиција е наш најсилен инструмент за да обезбедиме почист воздух, поздрави заедници и одржлива иднина. Ние не бегаме од одговорноста што ја носи минатото, но ја користиме секоја можност да изградиме одржлива иднина истакна Божиновска и упати апел за координирана акција на сите сектори.
„Не може ниту едно министерство само да се справи со аерозагадувањето. Потребна е координирана акција, од централно до локално ниво.“ изјави Божиновска
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува отворено за соработка со сите релевантни институции и ќе продолжи со енергична реализација на мерките што носат реално подобрување на квалитетот на воздухот во земјата.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска со своја објава ја одбележа 34 годишнината од монетарната самостојност на Македонија
СДСМ: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го праша народот – референдум за рудникот за антимон!
Петрушевски: Филипче на кој дома му е во Дубаи, не може да збори за патриотизам и државни интереси, дополнително само и штети на евроинтеграцијата на Македонија