Општина Чешиново – Облешево го одбележа Денот на Општината, 21. Септември, Мала Богородица. По тој повод градоначалникот изврши прием на гости и соработници од општината и пошироко, а потоа се одржа свечената седница на Советот на Општината. На истата градоначалникот Костадин Личков истакна дека тој и советниците во изминатиот мандатен период одработиле најдобро што можеле и дека се горди на постигнатото. Посакуваат и новиот состав на Советот и новиот градоначалник да направат што повеќе за општината Чешиново-Облешево.
Потоа, на сите членови на советот им беа врачени Благодарници за успешната работа, а награди добија ученици кои ги освоија првите места на конкурсот за поетски и други творби поврзани со празникот на Општината.
Церемонијата на зажнејување во оризовите полиња се изврши во полињата во Чифличко каде во традиционален стил беа ожнеани првите класја од овогодинешната реколта кај оризовата култура.
На фолклорното дефиле учествуваа фолклорни ансамбли од регионот и учесници на Фестивалот „Истибањско здравоживо“. Во Паркот во Облешево се одржа гала концерт со учество на ансаблите и на фолк пејачот Јордан Митев
Извор: ТВ Кочани
https://www.facebook.com/videovesti/videos/853718578120923/


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По хуманитарната балетска претстава во Кочани: „Ballet Magnificat“ на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов
Библиотеката „Искра“ во Кочани го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право
Планинари, граѓани и службени лица на армијата и полицијата ќе маршираат заедно во чест на 150 годишнината од Разловечкото востание