БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ЧЕСТВУВАЊЕ НА 80-ГОДИШНИНАТА ОД КОДИФИКАЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРДЕН ЈАЗИК ВО ЗАГРЕБ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Големиот јубилеј – 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, беше одбележан на Денот на македонскиот јазик, 5 Мај, во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб. Настанот беше реализиран во соработка со македонската Амбасада во Хрватска, со македонскиот Културно-информативен центар во Загреб и со Лекторатот на МСМЈЛК при УКИМ на Филозофскиот факултет во Риека.

На почетокот публиката ја поздравија г. Горан Божиновски, вршител на должност во македонската Амбасада во Хрватска, и м-р Мими Ѓоргоска-Илиевска, директорка на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, по што следуваше излагање на лекторката по македонски јазик м-р Биљана Стојановска-Ѓуриќ за кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, за работата на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура и за Лекторатот на МСМЈЛК при УКИМ на Филозофскиот факултет во Риека.

Вториот дел од програмата беше реализиран во соработка со издавачката куќа „Восток“. Поетите Сузана В. Спасовска, Михајло Свидерски, Ферди Булут и Владимир Илиевски читаа своја поезија на македонски јазик, а препевот на хрватски јазик го интерпретираа студентките Лаура Катарина Лукач и Ингрид Шпорер од Лекторатот на МСМЈЛК при УКИМ на Филозофскиот факултет во Риека.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Македонскиот Културно-информативен центар во Загреб за оваа пригода подготви и репрезентативна изложба со наслов „Македонска книжевна стерна“, на која беа претставени публикации посветени на македонскиот јазик и неговата кодификација, збирки од македонски поети, како и изданија од МСМЈЛК и од Лекторатот на МСМЈЛК при УКИМ на Филозофскиот факултет во Риека.

м-р Биљана Стојановска-Ѓуриќ,

лекторка на МСМЛЈК при УКИМ

на Филозофскиот факултет во Риека

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace