БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Чулев најави интензивирање на соработката на МВР со ромските невладини организации

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во текот на вчерашниот ден одржа работна средба со претставници на ромски невладини организации во државата.

На средбата било разговарана за актуелните состојби кои ги засегаат припадниците на ромската заедница во Република Македонија а кои што се од делокругот на работа на Министерството.

Притоа Чулев најави интензивирање на соработката меѓу Министерството и овие невладини организации во иднина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжение го пренесуваме известувањето за јавност упатено од оваа средба од страна на Министерот Наќе Чулев:

“✋ На моја иницијатива денес одржав работна средба со претставници на ромските невладини организации. На состанокот дискутиравме за проблемите со кои се соочуваат во нивното секојдневно работење, а кои се во делокругот на Министерството за внатрешни работи.

✔️Говорот на омраза кон ромската заедница како марганализирана група во општеството, проблемот со децата на улица, семејното насилство се дел од проблемите за кои заеднички се соогласивме дека треба системски да се решаваат во периодот кој следи.

✔️ Во таа насока се согласивме дека соработката помеѓу Министерството за внатрешни работи и овие невладини организации треба да се регулира со меморандум за заедничка соработка, чие формализирање треба што поскоро да се случи.

🗣️ Министерството за внатрешни работи останува посветено на дијалогот и соработката со невладиниот сектор на чие интензивирање ќе работиме во следниот период.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace