Од Општинската Организација на СДСМ од Виница во текот на вчерашниот ден излегоа со прес конференција во која ги соопштија рестриктивните мерки на владата за воведувањето на полицискиот час, како и забраната за посета на гробишта за претстојниот викенд.
“Сега е потребно единство и дисциплина во почитувањето на мерките. Ќе успееме!
Вирусот е присутен и опасен. Само со почитување на мерките ќе успееме. Имавме одлични резултати, здравствениот систем е подготвен, имаме целосно стабилни општини, а најдобар пример за тоа е Општина Дебар.
Затоа, секој мора да ги почитува сите мерки, во целост. Секој мора да носи маска, секој мора да држи дистанца од 2 метри и секако без групирање.
А овој викенд, сите да останеме дома, со своите семејства.
Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој.”
-соопштуваат од ОО СДСМ Виница.
Погледнете ја во продолжение во целост прес конференцијата во врска со оваа тема:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево