БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Цветан Трипуновски: Трета година по ред откако СДСМ е на власт производителите на праска од Росоман немаат откуп за својот род

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Цветан Трипуновски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Продолжува агонијата на земјоделците производители на праска од Росоман. Трета година по ред откако СДСМ е на власт производителите на праска од Росоман немаат откуп за својот род. Производството наместо на откуп завршува на буниште.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Иако ВМРО-ДПМНЕ и укажуваше на власта уште минатата година дека се усложнува извозот на праската посебно за рускиот пазар, власта и ресорното министерство не пристапија кон изготвување на план и стратегија за негово решавање, напротив носат ад – хок мерки кој дополнително временски го пролонгира откупот и пласманот на праската.

Власта бара од земјоделците пред да го извезат својот род на сопствен трошок да направат анализа која трае од 5 – 7 дена, а потоа да можат да извезат својот род. Имено владата предвидела дека земјоделците откако ќе ги наберат праските и ќе ги спремат за утовар треба од истите да земат неколку мостри и да ги однесат во надлежната лабораторија.

Периодот од 5 – 7 дена е период за кој праските буквално може да станат мармалад додека ја чекаат дозволата за извоз од Државниот земјоделски инспекторат.

Почитувани,

Дополнителниот услов е директен удар врз земјоделците, како малите, средните, така и поголемите, кои немаат ладилник каде што ќе можат во рок од 5 – 7  дена да ги складираат праските додека траат соодветните анализи.

Власта со оваа нова регулатива дополнително го отежнува извозот и го осакатува македонскиот земјоделец. Земјоделството го прави неисплатливо и се повеќе земјоделци ги корнат или сечат нивните децениски насади и го напуштаат земјоделството како основно занимање.

Почитувани,

Бидејќи ова се случува трета година по ред се доведува во прашање опстанокот на земјоделците во тој регион затоа го повикуваме Зоран Заев и ресорниот министер, ако се уште е министер, да излезат на терен и да преземат брзи и конкретни мерки за решавање на откупот, цената и пласманот на праската, бидејќи се работи за земјоделски производ кој не трпи одложување на бербата

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace