БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Д-р Весна Ушинова предводник на победничката листа за советници во Штип за досега најголема победа на ВМРО-ДПМНЕ на едни локални избори

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На последната седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше потврдена кандидатската листа за советници во Советот на Општина Штип, чиј што предводник е Д-р Весна Ушинова.

Д-р Ушинова е вработена во Клиничката болница во Штип на одделот за Интерни болести и е една од најпосветените лекари во болницата. Резултатите од нејзината работа се видливи преку менаџирањето на овој одел во изминатиот период, а граѓаните не само на Штип туку целиот Источен регион ја знаат оваа докторка како една од врвните специјалисти со кои располага овој регионален здравствен капацитет.

Во изминатиот 4 годишен мандат таа има значително искуство и вложен труд во работата на Советот на Општина Штип, така што за претстојниот мандат е веќе подготвена за да го менаџира општинскиот совет, како и реализација на програми преку кои што ќе се спроведат досега најголеми проекти од значење не само за штипјани туку и за граѓаните на поширокиот регион.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Најавената доизградба и ставање во функција на новата Клиничка Болница во Штип, изградбата на нов ученички/студентски дом, како и инвестициите во високото образование од страна на Владата предводена од Премиерот Христијан Мицкоски се од огромно значење за цела држава, а токму капацитетите, чесната, посветена и трудољубива работа на Д-р Весна Ушинова ќе донесе значаен придонес во реализацијата на овие и сите други проекти за граѓаните на Штип од програмата на Градоначалникот Иван Јорданов. Водечката улога на Д-р Ушинова на кандидатската листа за советници е секако значаен квалитет на претстојните локални избори во Штип, но вонсериските успеси кои претстојат на овој регионален центар на истокот зависат и од високото ниво на тимски капацитети и распоред на високо мотивирани и професионални капацитети на сите советници застапени на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Штип.

Д-р Весна Ушинова преку социјалните мрежи во свое соопштение го истакна токму тој факт за стручноста, искуството и личниот кредибилитет на кандидатите за советници од ВМРО-ДПМНЕ и се заблагодари за укажаната доверба на општинското раководство во нејзината матична партија, како и раководството на партијата предводено од Претседателот Проф Д-р Христијан Мицкоски.

“Почитувани сограѓани,

Со чувство на голема чест и одговорност ја прифатив задачата да бидам носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Штип.

Искрена благодарност до матичната партија ВМРО-ДПМНЕ, до претседателот на Општинскиот комитет г. Душко Иванов, како и до градоначалникот г.Иван Јорданов за укажаната доверба.

Горда сум што како носител ќе бидам дел од силна и стручна советничка листа составена од луѓе со интегритет, искуство и подготвеност да работат за интересите на нашата општина. Секој кандидат на оваа листа е вреден избор и заедно претставуваме тим кој е спремен да ги носи промените што Штип ги заслужува.

Оваа кандидатура за мене претставува не само признание, туку и обврска – да се работи посветено, одговорно и транспарентно во интерес на сите граѓани на Штип.

Верувам дека со заеднички сили и јасна визија ќе продолжиме по патот на развојот – со конкретни проекти и вистински резултати.”

-напиша на социјалните мрежи Д-р Весна Ушинова- предводник на кандидатската листа за советници од ВМРО-ДПМНЕ во Штип.

Уверени во личните капацитети на Д-р Ушинова и нејзината хуманост и посветена работа, посакуваме досега најголема победа на ВМРО-ДПМНЕ на едни локални избори во Штип со енергија и решителност да се реализираат сите зацртани проекти кои имаат крајна цел значително подобрување на животот на граѓаните во Штип и целиот Источен регион.

Креирано од:


Пренеси го гласот