БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дафина Стојаноска: Заев останува осамен во лицитацијата со датумите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ денеска се обрати во јавноста со своја реакција во врска со настојувањата на Зоран Заев за лицитација со датум за избори за кој што трет пат кажува дека е бетониран датумот но сепак го менува својот став.

Во продолжение го пренесуваме ставот на Стојаноска во врска со ова прашање во целост:

“Ме радува фактот што деновиве и други партии ја разбраа пораката која ние ја испраќавме уште пред неколку месеци, па излегоа со став дека најдобро решение во овој момент ќе биде изборите да се одржат подоцна, со што Заев останува осамен во лицитацијата со датумите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

ВМРО-ДПМНЕ е принципиелна партија со став кој го темели врз просперитет, прогрес и благосостојба на народот. Оттука прозлегуваше и нашата реторика дека здравјето на граѓаните е најважно во овие клучни моменти, а не брзите избори по желба на Заев.

За жал, постапките на преставниците на СДС го погазија сето ова со своето однесување, па нивната предизборна кампања со делење на пропаганден материјал ја завршија со делење на вирусот КОВИД 19.

Падот на СДС е неминовен, па покрај социјалното дистанцирање, очигледно започнува и ќе бидеме сведоци и на политичкото дистанцирање од Заев и СДС.

Има една поучна: “голо здравје – чиста болест”, а ние со СДС ни голо здравје веќе немаме.

И малку надвор од темата… Русковска и понатаму е сконцетрирана во судењето за “РЕКЕТ”, да не дозволи да се дознае каде завршија парите од Луј Витон торбата.

#СледуваОдговорност

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace