БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали Делчево заслужува скромно но модерно место кое ќе биде дом за бездомни и напуштени животни? Дали кај делчевчани има доволно емпатија да одобрат еден ваков проект на идната локална власт?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Село за кучиња во источна Полска…
За хармоничен живот не се потребни многу пари, не е потребна многу филозофија или којзнае каков напор…

Потребна е љубов, добрина, разбирање и човечност (не човеколикост)
Дали во Делчево е можно вакво или зошто да не и поубаво решение…?
Зошто ние да не бидеме првите во Македонија?

Зошто?

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Селото за кучиња во Полска, е место каде животни скитници живеат подобро отколку на многу други места во светот.

Во свет каде милиони кучиња живеат на улиците во студ, глад и страв, постои едно место каде сочувството и емпатијата кон сите живи суштества ја победи рамнодушноста.
Во Полска, засолништето за кучиња е претворено во вистинско село со специјални куќи, градини, климатизација,

Каде е тоа?
Селото се вика „Кучешко село“ (Вие у Пс óв)
Се наоѓа во Источна Полска, во близина на Лублин.
Се смета за најмодерно засолниште за кучиња во Европа

Како живеат кучињата тука?
Секое куче има своја куќа со свој мек кревет, клима уред во лето и греење во зима, интернет пристап за надзор, прозорци, играчки и сопствена градина
Местата се толку добро осмислени што повеќе личат на луксузно одморалиште отколку на засолниште.
Не е само удобност – тоа е терапија!
За трауматизираните кучиња се грижат психолозите и внимателно обучени ветеринари.
Сите кучиња се внимателно социјализирани и обучени за одговорно посвојување.
Тим ветеринари, терапевти и волонтери секојдневно обезбедуваат љубов и грижа.
Кучешкото село е глобален пример за тоа што значи емпатија, грижа и иновација во областа на хуманиот третман на живот
Покажа дека на животните им треба повеќе од само храна и засолниште – им треба достоинство, почит и љубов.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace