На 12.10.2025 е пријавено дека околу 14:15 часот на експресниот пат Штип-Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(72) од Штип и патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(18) од Струмица. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на возилото ,,пасат“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Возачот на возилото ,,голф” се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. Увид изврши јавен обвинител во содејство на екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Велес

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција