БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали поради вработување на близок роднина, надлежен орган не постапува по случајот на трите дечиња од с. Илиово?

Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево во јавноста упатија повеќе прашања во врска со случајотѕ со трите дечиња кои што имаат проблеми во процесот на нивно основно образование.

“Почитувани, до нас како политичка партија пристигнаа шокантни информации во врска со случајот за маката на трите дечиња од село Илиово кои што се соочуваат со проблеми за своето образование. Поради непостапувањето на надлежните институции за заштита на нивното право за бесплатно основно образование, оттука јавно прашуваме дали е поради вработување на близок роднина од своето семејство на еден од надлежните органи за постапување по случајот за заштита на правата на трите дечиња од Илиово за обезбедување на нивно бесплатно основно образобвание?

Јавно го прашуваме директорот на Основото училиште Ванчо Прќе дали лицето кое што е ангажирано за работа како наставник во училиштето од пред некој ден е роднина на надлежниот орган за постапување по овој случај кој што истовремено за оваа услуга се прави глув и слеп на сите апели кои излегоа во јавноста за заштита на правата на дечињата од село Илиово?

Го прашуваме градоначалникот на општина Делчево дали е запознаен со ваквата ситуација и со ова вработување на близок член на семејството на надлежниот јјавен обвинител и дали ќе превземе нешто во врска со заштитата на правата на децата од село Илиово за нивно бесплатно образование?

Дополнително прашуваме дали родителите на дечињата од село Илиово биле повикувани од страна на Јавната установа Меѓуопштински Центар за социјална работи Делчево со цел да се врши институционален притисок врз нив за да бидат замолчувани за да зборуваат за нивниот проблем во јавноста?

Пред некоја недела градоначалникот успеа да се слика пред домот на овие дечиња во обид за да ќари некој поен на нивната мака, но и ден денес овие дечиња и нивните родители не добиле решение за нивната голгота.

Апелираме на свесноста и одговорноста на сите надлежни институции поради опасноста од закани по безбедноста и здравјето на трите дечиња од с. Илиово кои се приморани секојдневно да пешачат по 8 километри во див предел на студ, снег и кал кои што ќе ги има во наредниот период во изобилство.”

-рече на прес конференција Иван Гоцевски- Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот