Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Делчевчани “сардисани” со двојазични обрасци за помош на сиромашни семејства на ученици

Пренеси го гласот

На социјалните мрежи делчевчани реагираат на двојазичните обрасци кои што треба да ги пополнуваат за да добијат помош од државата за своите ученици кои ги имаат во основно и средно образование.

Пријавата за стекнување на право за добивање на финансиска поддршка за ученици во основното и средното образование чии семејства имаат вкупно нето приходи помали од 50.000 денари по месец, кои родителите на делчевските ученици мораат да ги пополнуваат, се на Македонски и Албански јазик, пропишани од владините службеници.

За ваквата состојба голем број делчевчани се збунети на кој јазик треба да ги пополнуваат, дали само на Македонски или и на Албански јазик, за да ја добијат ветената помош од владата предводена од СДСМ и ДУИ.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот