БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали СДСМ ќе успее да протурка закон за дополнителна партизација на образованието?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција од Собранието пратеничката Дафина Стојаноска ги образложи накратко политичките ставови на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во однос на законот за наставници кој што власта го турка во собранието за негово донесување.

“Насилието на СДСМ и тензиите во Собранието се затоа што Законот за наставници овозможува партизација и нема зголемување на платите на наставниците. Значи, повторувам, Законот за наставници кој е на дневен ред денес на собраниската Комисија за образование е Закон со кој се овозможува партизација на образованието и Закон со кој не се зголемуваат платите на наставниците,

Зошто СДСМ е заинтересирана за овој Закон затоа што сака да го донесе, дури и по цена на кршење на Деловникот за работа на Собранието?

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

– Ова е Закон со кој СДСМ предвидува вработување на наставници на неопределено време, без приправнички стаж, со што се укинува еден од механизмите за контрола на квалитет и се овозможува партизација во образованието. Трансформацијата на работниот однос е решена во затворен круг на градоначалникот, директорот кој го именува градоначалникот и кој формира училишна комисија за вработување и комисија за трансформација, која ја формира градоначалникот. Ова е основ за политизација на вработувањата.

СДСМ да се грижеа за просветниот кадар и за покачување на нивните плати, ќе го усвоеја амандманот на Законот за минимална плата, предложен од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

– Напротив, тоа е одбиено и се прибегнува кон усвојување на овој штетен Закон. Затоа, ние нема да ги прифатиме измените кои власта на сила ги турка во Собранието.”

-изјави денеска на прес конференцијата од прес центарот во Македонскиот парламент за медиумите пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска..

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace