Припадници на движењето #Бојкотирам за сите противници на “Проектот на буквата с” пуштија во употреба корисна алатка преку која најкористениот интернет пребарувач Гугл Хром може да го прецрта или целосно да го отстрани терминот на “с” пред зборот Македонија.
Автоматско ловење и бришење северџанизми при преглед на веб страници.Овој додаток за Google Chrome е наменет за сите кои сакаат да им биде воочена тивката но константна употреба на разни серверџанизми на интернет. „Само Македонија“ работи автоматски со отворање на било која домашна или странска веб страница. Имате избор северџанизмите да се маркираат со прешкртување или комплетно да се бришат од приказот. Полесно се менува устав (во квази-демократии) отколку што се менуваат навиките на луѓето. Се надеваме дека оваа мала алатка ќе придонесе за градење свест за она што се прави во одредени дигитални медиуми. Во блиска иднина додатокот ќе има можност за учество и преглед во општи интересни статистики поврзани со темата.
-стои во описот на додатокот за Гугл Хром кој се инсталира многу едноставно и следува ЗБОГУМ СЕВЕРЏАНИЗМИ.
Апликацијата може да ја превземете и инсталирате на сл. линк тука.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Спектакуларен викенд во Делчево по повод 31. „Голачки фолклорни средби“: Фолклорот ги руши границите и ги поврзува народите [галерии]
Чествување што доликува на името Македонија: Вечер од Охрид и со серија спектакли потоа, народот во еден глас ќе каже: НИЕ ПОСТОИМЕ- МАКЕДОНИЈА ПОСТОИ
Бугарскиот министер Трпешев на II заседание на АСНОМ: Другари и другарки, ние, Бугарите сме криви пред вас…”