При денешната презентација на отчетот на градоначалниците избрани од народот во општините од Пелагонискиот регион свое обраќање имаше и Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Можам со гордост да кажам кога излеговме на парламентарни избори 2020 година и кога започна практично целата оваа промена, ветувавме многу работи во 4-тата изборна единица и тука во Битола и во Ресен исто така и дека сега имаме способни градоначалници кои што сега тоа можат да го реализираат. Се сеќавам добро и на кампањата и кога ќе ги видите работите после кампањата и кога ќе се видат бројките од институциите, јасно е зошто таква кампања се водеше. Јасно е зошто нашите политички опоненти водеа една така жестока, навредлива лична кампања. Јасно е зошто во Битола една групација на фирми на бизнисмени сакаше да го приватизира градот, јасно е зошто во Прилеп имаше личен напад кон градоначалникот и сакаа одредени бизнис но и долгогодишни групации во Прилеп да си останат и да си владеат, јазно е зошто во Ресен до последен момент се водеше битката, Јасно е зошто во Могила и во Новаци се употребија и видени и невидени сретства за да не се случат промените. Затоа што општина Прилеп има 5 милиони евра обврски односно долгови наследени од претходниот градоначалник. Затоа што општина Новаци има 1.1 милион евра наследени долгови од претходниот градоначалник. Затоа што општина Могила има 250 илјади евра наследени долгови и се уште доаѓаат фактурите за следниот период и затоа што општина Ресен има 900 илјади евра наследени долгови. А приходите се минимални на пример општина Ресен е затекната некаде со 11-тина илјади евра, општина Могила исто така со слична сума на сметка. Но во такви услови проектите се гледаат, проектите доаѓаат, ќе бидат презентирани од градоначалниците после мене. Сакам една кратка порака да кажам: Јасна е поставеноста на политичката сцена и јасно е кој каде е. ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Мицкоски и од градоначалниците кои што реализираат проекти е на делот на реализација на проекти на промени и на делот кој што носи иднина. СДСМ се уште од позадина раководено од Зоран Заев и практично од неговите пиуни кои што претставуваат најдобар израз на Заевизмот е она што влече назад и она што е ретроградно и затоа во овие први 100 дена направија се да ги блокираат општините. И затоа има вакви долгови и затоа не стигнуваат дотациите од Буџетот, затоа не прават ништо да ја решат енергетската криза и затоа не помагаат на општините. Мислејки дека ако не помагаат на општините, и ако не се соочат со сопствената одговорност а поскапувањето на електричната енергија е исклучиво одговорност на оваа неспособна власт која што не превзеде мерки кога требаше да се превземат. Во овој регион е РЕК Битола, најголемиот производител на електрична енергија, самите подобро од сите нас знаето што и како се случува таму и кој е врвот на криминал кој што се случува таму и зошто во Македонија не се произведува доволно електрична енергија па државата мора да увезува.
Во такви услови тие мислат доколку ги казнат општините доколку не помогнат на општините, ќе ги казнат градоначалниците, но во суштина го казнуваат народот.”
-соопшти денеска на презентацијата на отчетот за првите 100 денови од мандатот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во Пелагонискиот регион Александар Николоски.
-Народот не е наивен и ќе ги казни уште пожестоко на предвремените парламентарни избори кои што ќе се случат побрзо од што мислат,
-заврши на крајот од својот говор Александар Николоски
Целото обраќање на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, како и Претседателот Мицкоски заедно со избраните градоначалници и нивните отчети може да погледнете на видеото во продолжение.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Штипјанец сведочел а не пријавил нанесување на тешка телесна повреда
Македонија и Унгарија зацврстија стратешка енергетска соработка – делегација на министерството на петта седница на Мешовитиот комитет
„Вози безбедно – стигни сигурно“ – превентивна кампања на СВР Штип