БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Данев: СДС ги остави основците без учебници, недостасуваат 34.598 учебници за учениците

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Учебната година почна, а нема бесплатни учебници за учениците. Додека народните пари се трошат на луксузирањата на министрите и на партиски вработувања, нашите деца немаат учебници од кои што треба да учат, изјави денес Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Данев вели дека СДС во текот на изборите ветуваше подобро образование и квалитетна настава. СДС вети, СДС излажа!

-СДС ги остави основците без учебници. Недостасуваат 34.598 учебници. Недостасуваат 2.674 учебници во основните училишта во општина Карпош, 6.446 во Аеродром, 10.203 во Прилеп, 4.067 во Гевгелија, 3.489 во Гостивар, 5.880 во Кисела Вода, 1.044 во Маврово и Ростуше, 150 во Василево, 160 во Новаци, 485 во Кочани, недостасуваат учебници во скоро сите општини низ државата. Бараме образложение од МОН. Зошто учениците немаат бесплатни учебници? Кој ќе ја надомести штетата? Каде се парите за учебниците? До кога ќе се чека?, прашува Данев.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Тој посочува дека токму затоа на претстојните локални избори на 15-ти октомври, граѓаните ќе ги казнат СДС за празните ветувања и манипулации, и нивното неодговорно владеење.

Извор: Курир

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace