БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дедо Иљо Малешевски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

 Илија Марков, познат како Дедо Иљо Малешевски или Иљо Војвода (28 мај 1822, Берово – 17 април1898, Ќустендил) — македонски ајдутски и востанички војвода.Кон средината на XIX век, создал ајдутска дружина и дејствувал во областа на Источна Македонија, главно во Малешевијата. Во летото 1859 година преминал во Србија. Во оружениот судир помеѓу Србите и Османлиите во Белград (5 јуни 1862) предводел 400 македонски доброволци во т.н. Иљова легија или Македонски одред.

Учествувал со македонски доброволци во Српско-турската војна во составот на Руско-македонскиот баталјон. Бил тешко ранет и се лекувал во Србија, а потоа заминал во Романија. Со македонски доброволци (ополченци) се борел и во Руско-турската војна во ослободувањето на Бугарија. Се истакнал во борбите на Шипка.

По ослободувањето на Ќустендил, со 150 македонски доброволци се одвоил од руската рамија и учествувал во востаничкиот продор во Пијанец. Со своја чета од 200 до 300 востаници учествувал во Македонското востание . Опеан е во народните песни.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace