На десниот брег на реката Брегалница, на околу 2 км југозападно од центарот на Штип, на излезот од Ново Село што е споено со нашиот град, се наоѓаат појавите на термоминералните води Кежовица и Л’џи. Денес на ова место постои нова уредена бања со базени, како и центар за рехабилитација. Хемиската анализа потврдува дека температурата на водата е константно 58 степени целзиусови, а истата изобилува со мноштво на минерали што поволно влијаат врз човековото здравје. Бањата Кежовица, според својата радиоактивност, спаѓа во ред на најрадиоактивните термоминерални води, не само во Македонија, туку и пошироко на Балканот. Инаку, подземјето на околината на Штип изобилува со големи термоминерални води.

Извор: Општина Штип

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа