Делчевецот Кико Маневски заедно со Драган Крстев од струмичко Ангелци, Дејан Коцев од Свети Николе, Трајче Трајков од Кавадарци и Ендрју Ворт од Англија се на добротворна хуманитарна мисија низ 15 европски држави на релација од над 4000 километри.
Станува збор за патување со две црни такси возила кои што се добро познати и популарни во Англија кое во себе носи порака за подигање на свесноста кај граѓаните и јавноста за значењето на хуманитарните активности. Попатно оваа екипа застанува кај повеќе значајни попатни обележја, локалитети но и кај нивни попатни пријатели и останати луѓе кои што изразиле желба да се сретнат во насока на афирмација на целокупната мисија на оваа активност.
“Интересно патување од Лондон до Скопје, во период од 10 дена, на тим од пет ентузијасти во добротворна мисија. Целата дестинација од над 4,000 километри, со многу попатни станици, не е со најнов модел на автомобил, брз воз или комотен авион, туку со препознатливата транспортна икона на Лондон, црното такси (Black cab). И тоа не едно, ами две. На тие осум тркала низ 15 држави на 13 Мај од Лондон почна ова необично патешествие на Кико, Дејан, Драган, Трајко и Andy…четворица побританчени Македонци и еден помакедончен Британец. Пораките за солидарност, емпатија, единство и мир низ европскиот континент ќе бидат пренесени низ многу места каде тимот ќе биде поздравен и пречекуван од многу поддржувачи на нивната добротворна мисија. Таа може секој да ја следи на нивната фејсбук страна и да стане дел од оваа акција, која веќе е поддржани од многу спонзори и донатори. До сега се поминати Холандија, Луксембург, Германија. Следуваат дестинации во Швајцарија, Италија, Австрија…Потоа низ државите на бивша Југославија, преку Бугарија до Македонија. Ако се оди по планот, мисионерите ќе стигнат во Скопје на 22 Мај.”
-стои во објавата Кико Маневски на веб сајтот наменет за промоција на самата акција.
На отворениот повик од самиот почеток на акцијата која започна на 12 Мај целта е да се соберат 2000 фунти од кои што веќе се собрани над 1500 фунти.
Како донатори и спонзори на патувањето оние што ќе обезбедат симболичен износ на сретства ќе добијат лична промоција од страна на организаторите на акцијата, преку веб сајтот, социјалните мрежи, лого поставено на едно од такси возилата како и промоција на одреден бренд на настаните кои се организираат попатно на самата рута.
Групата е веќе помината низ Австрија и веќе се на пат кон балканските држави. На 21 Мај групата преку граничниот премин на Македонско-Бугарската граница кај Делчево ќе влезе во Македонија по што 10 дон ќе пристигне во Скопје.
Собраните финансиски сретства ќе бидат наменети за болницата за деца Great Ormond Street во Англија но и за одредено семејство или институција на која им е потребна помош и во Македонија.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
И оваа година успешно се реализираше Летната школа по Македонски јазик и култура во Велики Лошињ, Хрватска
Нема откажување: Петиција за Враќање на уставното име Македонија
Најава за одржување на досега најголемата конференција на Македонските организации во Швајцарија