БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Џони Дип со солзи радосници по овациите на прикажувањето на неговиот филм на Канскиот филмски фестивал

Пренеси го гласот

Своевидна сензација како за присутната публика така и за филмските критичари беше прикажувањето на филмот “Жан Ду Бери” во кој што во улогата на кралот Луј XV настапува џоливудскиот актер Џони Дип.

Овој филм кој што е во француска продукција на француски јазик беше најавен како остварување кое што ќе го отвори овогодинешниот Кански Филмски фестивал 2023 а истовремено ќе биде прикажан и во кино салите во Франција.

Џони Дип во улогата на францускиот крал Луј XV игра наспроти насловната улога Жан Ду Бери во која настапува актерката Maïwenn која исто така е и режисер на филмот.

Жан Ду Бери е претставена како жена од работничката класа која што со нејзината интелигенција се искачува пополека во општествените кругови се до кралскиот дворец.

По прикажувањето на филмот во гала салата во Кан присутната публика на актерот Џони Дип му посветија 7 минутен аплауз со овации за неговата изведба. На видеото пренесено преку твитер може да се забележат солзи радосници на лицето на Џони Дип како одговор за почеста која му ја приреди публиката во салата.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот