“Жален мој Танец, 74 години те градеа како единствен државен АНСАМБЛ ЗА НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ НА МАКЕДОНИЈА. 74 години те чуваа, те нарекуваа подвижен музеј на македонската култура и традиција, најголемиот АМБАСАДОР на Македонија. 74 години АНСАМБЛ Танец е гордоста на Македонија, чувар на македонскиот фолклор.
Бројни директори поминаа, ТАНЕЦ остана горд, достоинствен, стамен, не заради директорите, туку заради играорците, музичарите, пеачите за кои Танец е закон, затоа што да бидеш дел од Танец е чест, одговорност, престиж.
И дојдоа “шарените” со опинци со штикли, оние кои се гадеа од македонскиот изворен фолклор, тие за
4 години те понижија, те погазија, личен опис ти сменија, те третираат како да те нашле на улица.
Ти сменија лого, симболот на Танец, Тешкото, опеаното, раскажаното, битието на Македонецот го избришаа. Ти ставија лого кое личи на вирус, а тие што го сменија се вирусот кој го ништи МАКЕДОНСТВОТО.
Те праќаат на нарачани политички настани каде твоите уметници ги третираат како сирачиња, па им фрлаат леб и месен нарезок, носиите на дожд и влага ги облекуваат.
По не знам којпат ти ја менуваат web страната, а таа, пустата, не го истакнува, туку го крие историјатот на Танец на кој треба да се гордееме.
И за крај, тие кои те раководат, поточно уметничкиот директор, тие истите те газат и те нарекуваат КУД!?!?!?!
Оф, жална моја Македонијо, жален мој Танец, ќе ги издржиме ние тие штикли, не се стабилни, се клатат и ќе се расклатат по македонската калдрма, оти таа многу штикли издржала, исто како и Македонија.
Јас верувам во тебе, Танец, во твоите уметници кои ја чуваат твојата душа.
Ќе помине и ова, ќе се скршат штиклите, АНСАМБЛ ТАНЕЦ ќе остане.
ПС. Логото ќе го вратиме.
“
-фејсбук статус на етномузикологот Велика Стојкова Серафимовска која е пратеник во Собртанието на Република Македонија


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Алиу – Кузмановска: Во најтешките мигови едно семејство донесе одлука што значи живот – спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб и подобрен квалитет на живот кај пациент со трансплантиран бубрег
Мицкоски изрази чудење за различниот став на Градоначалникот на Крива Паланка и неговата матична СДСМ во врска со стратешкиот проект во село Луке
Мицкоски во однос на обвинувањата на Блерим Беџети од ДУИ: секој има право на презумција на невиност