БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ положија цвеќе пред спомен плочата на Гоце Делчев во штипско Ново Село

Пренеси го гласот

Денешниот ден поминува во знакот на одбележување на 147 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Се чини како никогаш до сега светоста на денешниот ден е е особено значајна. Делегации на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ ширум државата со пиетет го чествуваат денешниот ден.

Најголема симболика покрај манифестацијата во црквата Св. Спас каде почиваат посмртните останки на Гоце, се чини има одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, во штипско Ново Село каде што Гоце Делчев ја остварувал својата најзначајна работа како дел од Внатрешната Македонска револуционерна организација.

По повод одбележување на 147 години од раѓањето на големиот револуционер Гоце Делчев, претседателот на ОК, Иван Јорданов и потпретседателот на ОК, Христина Серафимовска положија свежо цвеќе пред спомен бистата во Ново Село каде и долги години учителствувал Делчев.

Креирано од:


Пренеси го гласот