Денес, во црквата св. Спас на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, делегацијата на Левица положи цвеќе по повод 150 години од неговото раѓање.
Во чест на македонскиот револуционер, изминатата недела беше спроведена кампања која вклучуваше истражување на јавното мислење за тековните преговори помеѓу Македонија и Бугарија од Левичарскиот институт „Рацин“. Црвена Младина спроведе повеќе герила акции ширум државата и изработи 150 монети со ликот на Гоце Делчев, додека од членовите на Левица секојдневно беа објавувани авторски текстови и колумни.
Оваа кампања ќе биде заокружена денес со централниот настан „Македонската кауза – 150 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев“ – на кој свое обраќање ќе имаат повеќе еминентни професори.
Трибината ќе започне во 18:30 ч., Кино Фросина, МКЦ.
-стои во соопштението на Левица упатено преку социјалните мрежи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Нова лабораторија за работа во дрво на Факултетот за ликовни уметности – Скопје
Фетаи на Меѓународниот ден против корупцијата: „Интегритетот не е слоган; тој е основата врз која се гради довербата, се открива просперитетот и се обезбедува нашата заедничка европска иднина“
НУБ “Св. Климент Охридски” Скопје достојно го одбележа денешниот празник