БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Денеска промоција на книгата “Зад твојот сон” на авторот Васил Маневски во организација на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска со почеток во 18.00 часот во просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево ќе се реализира промоција на книгата “Зад твојот сон” од Васил Маневски.

Претседателката на Унијата на жени на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Христина Смилевска информираше дека ова е уште една од низата на активности на женската организација на партијата во Делчево, од нивната широката лепеза на активности.

За претстојниот период покрај редовните партиски активности, Унијата на жени предвидуваат и поголем број на дополнителни активности иницирани како од посветените членови на оваа женска организација така и од граѓаните во нивните секојдневни контакти.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжение ја пренесуваме поканата за вечерашниот настан упатена до јавноста:

Веруваме во моќта на убавиот пишан збор.
Особено кога тој доаѓа од перото на доајенот на Пијанечкото новинарство г-динот Васил Маневски.
Неговата најнова книга именувана “Зад твојот сон” е дополнето реиздание на истоимената стихозбирка издадена пред 40 години сега дополнета со осум нови катрени.
Промотор на книгата ќе биде познатиот Балкански афористичар Миле Ѓорѓијоски.
Настанот започнува во 18.00 часот во просториите на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, утре (среда, 16.05.2019 година).
Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на промоцијата.

-соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК ДЕЛЧЕВО.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace