Берово. Местото каде сум роден, каде сум растел и созревал. За мене, најубавото место во светот. Едноставно, го сакам Берово.
Денес, тешко се живее тука. Младите заминуваат во туѓина. Цели семејства заминуваат, разочарани од неправдите, сиромаштијата и бесперспективноста.
На митингот на ВМРО-ДПМНЕ дојдоа голем број Беровчани, Малешевци. Дојде и баба Елена Гаштеовска, ќерка на Димитруш Самарџиски – Прокуроре, славен Македонски комита, кој својот живот го посветил на борбата за Македонија. Во 1934 година, бугарите го затвориле и 6 години го измачувале низ бугарските зандани, заради неговата борба за независноста на Македонија и на крај го погубиле. Баба Елена му остави еден голем аманет на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. “Синко, чувај ни ја Македонија. Таа ни е се”. Христијан, прифаќајки го аманетот, и одговори: “Ќе ја чуваме, бабо. И ќе ја ослободиме од овие внатрешните поробувачи. Ќе ја вратиме Македонија на народот.”
Нашата борба за Македонија, за слободна, успешна, просперитетна и честита татковина, никогаш нема да престане. Нашата мисла и желба кон неа, никогаш нема да згасне. Нашата работа за Македонија да биде достојно и убаво место ќе трае се додека не успееме, затоа што тоа е единствениот начин да го сопреме иселувањето и да отвориме перспективи за граѓаните. На народот мораме да му донесе правдина и #ПравдаЗаМакедонија. Тука сме секој пат, кога #ТатковинатаПовикува
Да живее #РепубликаМакедонија!
#НикогашСеверна
#СамоМакедонија
Фејсбук статус на Димитар Димовски-
Член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево
Починат 47 годишен жител на с. Лаки, виничко донесен во Брзата помош во Виница
Драган Ковачки во присуство на членови на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ одаде почит пред спомен плочата кај месноста Свиланово, кочанско каде загинал Никола Карев