БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Ковачки во присуство на членови на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ одаде почит пред спомен плочата кај месноста Свиланово, кочанско каде загинал Никола Карев

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пред 121 година во 1905 година на 27 април згаснува животот на претседателот на првата република на Балканот Никола Карев кај месноста Свиланово, кочанско кој се движел на пат кон селото Рајчани.

Социјалист по убедување 26 годишниот Карев во 1903 година со целата своја младешка бунтовност но и голем и цврст карактер се исправил пред лицето на историјата за да застане на чело на Горскиот штаб кој што со нат 750 востаници се кренале против моќната Отоманска империја и ја создале 11 дневната Крушевската Република.

Овој историски чин и покрај неговото крваво загушување претставува силен зрак светлина за следните генерации Македонци кои се изборија за создавање на слободна и независна Македонска држава прво во лицето на АСНОМ-ска Македонија во 1945 година а подоцна и суверена и независна Република Македонија во 1991 година.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

По повод 121 годишнината од загинувањето на Никола Карев денеска припадници на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ заедно со генералниот секретар на партијата го посетија местото на погибијата на Претседателот на Крушовската република Никоа Карев кај месноста Своланово, кочанско, каде положија венец со свежо цвеќе.

Споменот за Никола Карев да ни биде вечен потсетник дека слободата не е подарок, туку заедничка обврска која мора да се чува и негува.

“Неговото дело да ни биде водилка и инспирација да ја сакаме, почитуваме и градиме Македонија.

Денеска со Патриотскиот Институт на ВМРО-ДПМНЕ и партиски фунционери и членови марширавме до местото на неговото погибие – Свиланово.

Благодарност за поканата и организацијата.

Вечна му слава!”

-напиша Драган Ковачки на социјалните мрежи по повод овој настан.

Никола Карев, е роден во Крушево во 1877 година како четврто дете во сиромашно семејство на Каревци кои се занимавале со трговија на јаглен. На 15 годишна возраст го прекинува своето школување и поради сиромаштијата започнува да работи дрводелска работоа како столарски чирак. Во 1895 година го напушта своето родно Крушево и заминува на печалба во Бугарија. Таму работи како ѕидар во работилницата на Велешкиот столар и основач на Македонската социјалистичка група, Васил Главинов.

Во Крушево се враќа во септември 1899 година и се зафаќа со докомплетирање на своето образование. Поради полагањето на завршниот испит во јуни 1900 година, Карев не учествува на Првата социјалистичка конференција во Македонија. Една од одлуките на конференцијата била македонските социјалисти да влезат во редовите на ТМОРО. Социјалистите, вклучително и Карев, во Организацијата се примени во февруари 1901 година.

Во јуни 1901 година завршува четврти клас во Битолската класична гимназија и во учебната 1901/1902 станува егзархиски учител во крушевското село Горно Дивјаци. Следната учебна година е префрлен на работа во Крушевската прогимназија.

На чело на Крушевскиот револуционерен комитет застанува во јануари 1903 година. Учествува на Смилевскиот конгрес во мај истата година и се спротивставува на решението за кревање на Илинденското востание, сметајќи дека народот сè уште не е доволно подготвен да се крене на востание.

Сепак, по одлуката за кревање востание, во својство на началник на Горскиот штаб, Карев активно учествува во подготовка и организација на востанието. Спроти востанието, тој, во име на Штабот, објавува Проглас во кој го повикува народот на востание. Ноќта на 2 август 1903 година околу 750 востаници, предводени од горскиот началник Никола Карев, го нападнале и го ослободиле Крушево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace