Државната комисија за спречување на корупцијата организира настан за одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата. Настанот има за цел да ја потврди континуираната, одлучна и непоколеблива борба против корупцијата и да ги истакне клучните активности и предизвици во оваа сфера.
Настанот ќе се одржи на 04 декември 2025 година (четврток) со почеток во 11:00 часот во Клубот на пратениците во Скопје.
Во прилог ја пренесуваме Агендата од настанот:
Локација: Клуб на пратеници, Кино сала
Датум: 04 декември 2025 година
Модератор: Г-ѓа Александра Чавдаревска
А Г Е Н Д А
10.30 – 11.00
ПРИСТИГНУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ
11.00 – 11.45 ОБРАЌАЊА – КЛУЧНИ АКТИВНОСТИ И ПРЕДИЗВИЦИ ВО ГРАДЕЊЕ НА СИСТЕМ ОТПОРЕН НА КОРУПЦИЈА
- Г-дин Адем Чучуљ, Државната комисија за спречување на корупцијата
- Г-дин Африм Гаши, Претседател на Собранието на Република Северна Македонија
- H.E. Кристоф Зомер, Амбасадор на Швајцарија
- Н.Е. Ола Сулстром, Амбасадор на Шведска
- Г-дин Бен Нупнау, Заменик-шеф на Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија
- Г-дин Едвард Андерсон, Шеф на Одделот за сигурност и поддршка на заедниците на Мисијата на ОБСЕ во Скопје
- Г-дин Александар Кржаловски, Претставник на граѓански сектор, Македонски центар за меѓународна соработка
11.45 – 12.00 СУМИРАЊЕ НА ДИСКУСИЈА И СЛЕДНИ ЧЕКОРИ
12.00 – КОКТЕЛ


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сали и Хоџа: Потребна е итна акција за подобрување на имплементацијата на ИПА проектите во животната средина
Општина Кочани го објави конкурсот за стипендии за млади надежни спортисти
Филков: Правдата мора да биде видлива – реформите носат резултати