Човек не треба да биде голем визионер за да заклучи дека актуелните кризи особено онаа во економијата во МАкедонија ќе се продлабочуваат кон крајот на тековната гродина. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски врз основа на своите искуства, знаење и аналитички заклучоци по којзнае кој пат ја алармира јавноста за штетните политики на актуелната владина коалиција меѓу СДСМ и ДУИ кои се основен причинител за лошите состојби кои се одразуваат директно врз лошиот егзистенцијално-загрозувачки стандард на граѓаните на Македонија.
Со продолжување на власта на актуелната коалиција меѓу СДСМ и ДУИ тековната агонија на граѓаните ќе продолжи да се продлабочува, а власта покажа деке секогаш “може повеќе” во овој нивен дилетантизам.
“Директорот на најголемата банка во САД, „ЈП Морган Чејс“, Џејми Димон ги предупредува инвеститорите да се подготват за економски „ураган“ и супер тежок период за економијата во периодот што следи. Владата на СДСМ/ДУИ подготви ребаланс со фокус на тендери во четири очи, задолжување на генерации, богатење на неколку партиски моќници, политички прогон и притисок врз опозицијата, сето тоа без никаков дијалог и консултација со најголемата политичка партија, градоначалниците од ЗЕЛС и јавноста. Мислев дека не знаат, но сега сум убеден дека свесно ја уништуваат Македонија. Затоа е потребна масовност на 18 ти Јуни, предвремени избори и македонска влада која знае и умее да работи само за интересите на македонските граѓани и Македонија!
-соопшти Христијан Мицкоски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина