СДСМ после цели 10 години по 2006 година, во 2016 година со пораз на избори, дојде на власт по режираните настани на 27 април 2017 година во Македонскиот парламент!
Ваквата т.н. малцинска влада беше креирана како резултат на сервилната политика на Зоран Заев кон ДУИ и барањата наведени во т.н. Тиранска Платформа преку која странски политичар директно се замеша во внатрешните работи на Република Македонија.
ДУИ како инструмент на истуреното разузнавачко општество и ден денес е инструмент за репресија врз слободарските умови во Македонија кои во својот идентитетски ген го носат слободољубието и непокорот на генерации Македонци низ историјата. Талат Џафери е типичен пример на инструментализирана “маша” за разгорување на хаос во кој што моќните и добро екипирани странски центри на моќ ловат во матно се што може да биде плен на нивните интереси. Голем е бројот на колаборационисти кои “милом или силом” одработуваат наспроти интересите на граѓаните на Македонија. Малкумина се сеќаваат на епизодата кога Талат Џафери влета со својот автомобил во толпата која мирно протестираше пред МАкедонскиот парламент денови пред кобниот 27 април 2017 година.
Оваа наша Балканска политичка бара полна со крокодили заведени од мирисот на парите го живее својот период на мачна трансформација од либерален социјализам во вистински корпорациски капитализам, не само во Македонија.
Празнењето од Македонија на едуцирани, обучени и кадарни граѓани можеби во минатото се правеше несвесно, но после толку години на егзодус на работоспособното население во некоја од западните демократии, веќе ништо не е случајно и ненамерно. Процесот на негативна селекција им служи само на оние кои што се заинтересирани за лично богатење наспроти потребата од одговорно општествено делување и работење во интерес на сите!
Македонија е потребно да се исчисти од Македонци- луѓето кои што се родени и живеат во духот на нивните претци со паролата “Свои на своето”. Оваа убава сончева земја, полна со пивка вода, со природа и почви каде успеваат широк вариетет на земјоделски производи и храна, овој стратешки простор-крстосница на цивилизациите, шуми, рудни богатства…. е пленот над кој што се имаат намерачено глобални корпорациски мршојадци.
И оваа нивна намера до пола им ја завршија политичари како Зоран Заев. Нелегитимниот премиер Ковачевски е само оддишка за преструктуирање на армадилата на власт пред задавањето на наредниот фатален удар врз постоењето на Македонскиот народ и вредности кои ги носи со себе.
Поделеноста и личните ситни интереси на поединци отсекогаш било и ќе остане моќно оружје во рацете на непријателите на овој народ кој што намерно се втурнува во постојани кризи кои се редат една до друга. Намерно им е дозволено на финансиските власти да се задолжуваат пред странските кредитори над прагот за можности за враќање на кредитите кои што како од цистерна под притисок ја потопуваат Македонија. Парите од тие кредити се предмет на разграбување на поединци во врвот на политичката елита на власта низ разно-разни механизми за испумпување на пари од државниот буџет а народот е се посиромашен и сиромашен.
А колку ли само верба имаа граѓаните во зборовите на Зоран Заев дека доаѓа животот во МАкедонија?
Каде бевме, до каде стигнавме?
Дали може поинаку?
Секогаш има избор, но времињата се толку динамични и комплексни што со секој одминат ден тој избор станува се потежок и понецелисходен.
Затоа е потребен мудар и брз рез!
Обединување пред заедничкиот непријател е нужност која е најдобра одбрана пред заедничкото зло.
Потребна е нова револуција на свеста, нов камен темелник на иднината.
Може поинаку!
На 18 јуни на топлото сонце газејки по жешкиот асфалт на платото пред Владата на Република Македонија.
На другата страна се што е лошо и штетно за Македонија а од оваа страна народот. Со мирен и стаменит став, со гордо и исправено испукано чело под капките пот како течат и печат врз чесните и искрени Македонски очи кои сакаат да видат едно поубаво и перспективно утре за себе и за своите најмили.
ПРОТЕСТ, зошто овие луѓе во власта се заборавија себеси во секојдневните приказни за “убавините” во кои живееме.
Протест за сите лаги претскажани со “рачето на гради”, протест за сите тендери во четири очи, протест за достоинство, протест за подобра иднина.
Пишува: Кирчо Анастасов
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Македонија, ЛЕЛЕ!
Штетничката влада на СДСМ и ДУИ донела противуставен закон кој во критичен момент ја поништува октроираното судство за да се продлабочи кризата во предизборна година
Како СДСМ повторно сака протестите на граѓаните да ги искористи за сопствени политички цели?