Народната пракса на поголем број на региони во медитеранот зборуваат за лековите својства на маслиновото масло и неговата благопријатност за човечкиот организам. На ваквите традиционални убедувања се надоврзуваат и поголем број на експертски студии кои што го препорачуваат екстра девственото маслиново масло како дел од исхраната која што е добра за човечкиот организам.
Во продолжение пренесуваме неколку позитивни карактеристики и ефекти на делување на маслиновото масло врз човечкиот организам кои што се поткрепени со научни факти:
Маслиновото масло е богато со монононезаситени масти кои се сметаат за здрави за човековото тело
Маслиновото масло е природно масло екстрахирано од маслинките, плодови на маслиновото дрво. Околу 14% од маслото е заситена маст, каде 11% е полинезаситена маст, како што се омега 6 и омега 3 масните киселини. Сепак предоминантната масна киселина е мононезаситената маст именувана како олеидна киселина, кој што достигнува до 73% од целокупната содржина во маслиновото масло.
Маслиновото масло содржи голем броја на антиоксиданти
Екстра девственото маслиново масло е умерено хранливо.
Настрана од неговите корисни масни киселини, тоа содржи скромна количина на Е и К витамини. Исто така маслиновото масло содржи моќни антиоксиданси.
Маслиновото масло има силни анти инфламаторни особини
Хроничната инфламација се смета дека е носечки фактор на болестите како што е ракот, срцевите болести, метаболичен синдром, тип 2 дијабет, Алцхајмер, артритис па дури и гојазноста.
Екстра девственото маслиново масло може да ја намали инфламацијата, што е можеби една од неговите основни причини за здравствени бенефити.
Маслиновото масло може да превенира мозочни удари
Мозочниот удар се појавува како резултат на пореметувањата на протокот на крв низ човековиот мозок, дали поради запушување или крварење во мозокот. Врската меѓу маслиновото масло и ризикот од мозочен удар е проучувана екстензивно. Голем број на истражувања на околу 841 000 луѓе покажале дека маслиновото масло е единствениот извор на мононезаситени масти кои што одговараат за намален ризик за мозочен удар и срцеви заболувања.
Маслиновото масло штити од срцеви заболувања
Срцевите заболувања се најчестите предизвикувачи на смрт во светот. Научни студии спроведени пред повеќе децении покажеле дека срцевите заболувања се помалку чести во Медитеранските земји. Екстра девственото маслиново масло е една од клучните состојки во режимот на исхрана во овие земји кое што штити од срцеви заболувања на неколку начини.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Традиција што инспирира: 38. изложба „Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте“ на 15 мај во Сули ан
Нов визуелно-емотивен видео запис за песната “Идни денови” [Future Days] на Pearl Jam
Легендата за ИП Ман- учителот на Брус Ли