Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Над 60 години живее епската приказна за Дарквуд и нејзиниот херој и заштитник Загор Те-Неј

Пренеси го гласот

1960 година се сретнале Серџио Бонели кој што бил млад сценарист и син на познатиот Џианлуиџи Бонели и Галиено Фери, млад и перспективен цртач. Помеѓу нив двајцата многу брзо се развило пријателство кое прераснало во бизнис соработка од која во 1961 година се раѓа ликот со впечатливо име ЗАГОР.

Загор всушност претставува кратенка од За-гор Те- неј што на дијалект во Англокина значи Дух со секира.

Главните карактеристики на Загор се авантура и акција, со примеси на хорор, криминалистика а во поодминатите години со примеси на научна фантастика. Физичкиот изглед на Загор е инспириран од претходно дефинираните популарни ликови на Супермен и Тарзан а она по што најмногу се карактеризира Загор е по неговиот впечатлив костим.

Дејствието поврзано со овој лик е сместено во првата половина на XIX век поточно во периодот помеѓу 1820 и 1840 година на просторот на Северна Америка.

Регионот во кој што е сместен Загор е наречен Дарквуд, што симболично претставува кралство на Загор, измислена шума во близината на Големите Езера во Северна Америка во близина на границата меѓу САД и Канада. Загор живее во мала колиба во мочуриштето Мо-хи-ла, околу која се наоѓаат поголем број на локации со жив песок, што ја прави неговата колиба изолирана од непоканети гости. Самиот регион на Дарквуд е населен со голем број индијански племиња, војнички тврдини, траперски колиби и помали градчиња во кои живеат во главно белци.

Помеѓу сите овие групи на луѓе Загор се труди да постигне извесен баланс во согласност со меѓусебното разбирање, понекогаш на граница на инцидент и поголеми проблеми предизвикани од нечија смрт или материјално уништување, но понегокаш на мирен начин и без непотребни жртви.

Секако авантурите на Загор понекогаш доведуваат тој да замине на некое далечно патување најчесто за да помогне на некој пријател. Со тоа Загор ја има прошетано речиси цела Северна Америка а ги посетува и Арктикот, Гренланд, Шкотска, Карибите па дури и Африка.

Загор се вбројува во редот на класични херои кои не сакаат неправда кој што својот живот го има посветено на борба против криминалците и негативците од најнизок ред.

Вистонското име на Загор е Патриг Вилдинг. Уште додека бил дете има преживеано страшна трагедија во која ги загубил родителите. Загор се спасил со тоа што татко му пред да загине го фрла во реката од која што подоцна го пронаоѓа Талкачот Фитци- симпатичен скитник и филозоф кој што ја напуштил цивилизацијата за да живее мирно и во тишина во природата. Фитци го заменува таткото на Загор и го подучува младото момче на многу вештини меѓу кои и вештината со ракување со неговата секира која што подоцна ќе стане негово препознатливо оружје. Во конечната пресметка Загор го убива Саломон Кински- убиецот на неговиот татко, кој пред смртта му ја открива тајната на неговиот татко, но и го губи неговиот втор татко Талкачот Фитци кој настрадал во пресметката.

По тоа младиот Патрик Вилдинг се заколнува дека до крајот на својот живот ќе се бори против неправдите и дека ќе им помага на немоќните.

Во случајна средба со семејството Саливан кои што биле театарска патувачка група му доаѓа идејата за црвената маичка со црн орел на жолта подлога што станува негов препознатлив амблем во остатокот од неговите авантури кои следувале во голем број при што го добива новиот назив Загор.

Како и секој суперхерој кој што држи до себе, така и Загор има свој верен придружник и помошник во голем број негови авантури. Дон Чико Филипе Кајетано Лопез и Мартинез и Гонзалес или накратко именуван како Чико е симпатичени несмасен Мексиканец кој што постојано запаѓа во неволји. Како и Загор и Чико има индијанско име “Малиот човек со голем стомак”.

Освен Чико Загор има и повеќе други пријатели од кои највпечатлив е Тонка- поглавар на племето на Мохавк кој што ги знае тајните на Загор и неговите трикови со кои се труди да го зачува мирот во Дарквуд.

Покрај бројните пријатели Загор има и голем број непријатели меѓу кои највпечатлив е Хелинген кој што со сигурност е најголемиот непријател на Загор.

Оваа година во јуни Загор полни цели 60 години постоење.

Авантурата продолжува и понатаму.

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com