Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Константин Миладинов – Бисера

Пренеси го гласот

Константин Миладинов (1830 — 1862) е основоположник на македонската уметничка поезија.

(Пред него стихови напишале Кирил Пејчиновиќ и Џинот, но без особена уметничка вредност.)

Константин е најмалото, седмото дете во семејството, родено неколку месеци по смртта на таткото. Сепак, имал полесни услови за школување поради брат му Димитрија кој го зел под своја закрила.

Кај него го завршил основното училиште, гимназија завршил во Јанина, а на студии се запишал на Филозофскиот факултет во Атина (3 години).

Сакајќи да се школува на словенски јазик оди во Москва каде студира Словенска филологија. Таму се разболел од туберкулоза и тргнал кон дома.

Патем се среќава со Јосип Јурај Штросмаер и во Загреб го отпечатува „Зборникот“. Дознава дека брат му е затворен и наместо дома, заминува во Цариград за да му помогне, но и него го затвараат.

Во јануари 1862 починува во затворот во Цариград, а два дена по него и брат му Димитрија.

Константин го напишал Предговорот на „Зборникот“ кој претставува прв обид за научен труд од областа на народната литература. Тој го истакнува значењето на народната литература како најчист, најсигурен показател на националната индивидуалност. Тука е објавен првиот преглед на нашата народна литература и првиот обид за нејзина класификација.

Познати се 15 песни кои со сигурност се знае дека се на Константин. Две од нив имаат публицистичко-пропагандистичка тенденција, а останатите се со уметничка вредност.

Уживајте во неговата љубовна лирика – неговата Бисера

Бисера

Бисеро моме, Бисеро,

Шчо носиш бисер на грло?

Твоето грло хубаво

И од дробнаго бисера

Хилјада п’ти побело.

Бисеро моме, Бисеро,

Зашчо со бисер покриваш

Твоето грло хубаво?

Ја нејќу бисер да баца

Тук сака твоето грло.—

..

Бисеро моме, Бисеро,

За кого низиш бисер’т?

За кого готвиш дарои?

Ја дарој бисер не сака

Тук сака мома Бисера.

Во песната „Бисера“ е искажана искрената и чиста љубов што поетот ја чувствува кон момата Бисера. Ја истакнува нејзината убавина, велејќи дека нејзиното грло е стопати поубаво и побело од бисерите што ги носи. Потоа ја искажува неговата намера: ја нејќу бисер да баца/ Тук сака твоето грло, а на крајот чистата љубов кон неа, а не кон материјалните нешта: Ја дарој не сака/ Тук сака мома Бисера.

Креирано од:


Пренеси го гласот