“
Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски и неговиот PR тим, неместо од нивните удобни канцеларии да промовираат поставување на нова вертикална патна сигнализација, да прошетаат малку низ градот и да се уверат во каква состојба е веќе постоечката![]()
Поради нивната континуирана негрижа кон вертикалната патна сигнализација насекаде низ градот може да се забележи:
Испопаѓани сообраќајни знаци уште од невремето кое минатата година ја зафати нашата општина;
На многу од најфрекфентните раскрсници во градот и фалат сообраќајни знаци;
Семафорите во Делчево многупати неработат и со недели;
Патокази за посетители на делчево кои водат до угостителските објекти и објекти кои имаат за цел развој на туризамот во Општина Делчево се непозната равенка за Градоначалникот.
За иронијата да биде уште поголема, половина од сообраќајните знаци околу кабинетот на Градоначалникот се нефункционални, завртени и паднати
“
-интегрален текст на соопштение упатено до јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа